Скопје

Јаки приоритети има Арсовска, небитно е што градот се распаѓа, што гниеме во ѓубре, не јадат инсекти, коментира новинарка за новата иницијатива

Новинарката Сашка Цветковска ја искритикува скопската градоначалничка Данела Арсовска во однос на приоритетите. Ова доаѓа откако локалните власти посочија дека поднесуваат иницијатива за споменикот на Ќосето да биде вратен на скопските улици.

„Јаки приоритети има Арсовска. Небитно е тоа што градот се распаѓа, што гниеме во ѓубре, не јадат инсекти, инфраструктурата е очај, јавните услуги исто, што паднало не станало (пример запалени мостови) итн итн. Срамно, штетно и заостанато е ова поведение“, напиша Цветковска.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето.

„Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек“, велат од Град Скопје.

Арсовска со иницијатива за повторно поставување на споменикот на Ќосето: Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини

На почеток