Некатегоризирани

Осум истраги на СЈО под знак прашалник?

Специјалната обвинителка Катица Јанева истакна дека висат осум истраги кои биле преземени од предмети од редовните обвинителства, а за кои имаат бомби. Според Јанева, истрагите зависат од тоа како во новиот закон ќе биде решена одредбата со која се утврдува дека СЈО има рок од 18 месеци од преземање на предметите и материјалите да подигне обвинение за случаите.

Според Јанева министерството за правда треба да најде начин како ќе се чуваат бомбите кои произлегоа од прислушуваните разговори, кои во иднина, според неа, треба да станат историско богатство.

Врховниот суд утре треба да расправа дали СЈО смее да покренува истраги и обвиненија по јули, 2017 година откако истекоа 18 месеци од преземањето на бомбите во обвинителството.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток