Некатегоризирани

Системот од безбедносните камери во Албанија ги избришал снимките од Груевски, неможел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на Никола Груевски од Албанија не се обезбедени. Оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, вели државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ.

– Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува – рече Јовески.

Според него, тие снимки не биле рачно избришани, туку самиот уред функционирал така. За снимките во државата од движењето на Груевски, Јовески не кажа дали Обвинителството располага конкретно со снимка од него, туку само дека сите прибавени снимки Обвинителството ги анализира.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток