Скопје

Спасовски: Повредените полицајци биле приватно во Шутка по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање на деца

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција рече дека двајцата полициски службеници кои синоќа беа повредени во Шуто Оризари не биле на службена должност, а во населбата пристигнале по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање.Спасовски вели дека во МВР нема пријава за киднапирање и очекува наскоро полицијата да излезе со конкретни информации во врска со нападот.

„Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во општина Шуто Оризари по претходно дадена дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината преку Фејсбук. Апсолутно досега нема таква пријава дека се случил таков настан. Очекувам многу скоро да излеземе конкретни информации и реакција во однос на луѓето кои учествувале во овој настан“, изјави министерот Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

На почеток