Скопје

Министерство за здравство: Лажна вест е дека починала жена од слепо црево на Клинички центар

Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево – немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно не коректно и тенденциозно пренесено, соопштуваат од Министерството за здравство.

„Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се напише барем информативен текст. Не е наведено ниту место, Клинички Центар го сочинуваат повеќе од 30 Клиники, не е наведено ниту времето кога е се случил настанот. Коментарите, дека станува збор за последна жртва на здравствениот хаос се неосновани и тенденциозни“, велат од министерството.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека пред објавување на веста не се контактирани надлежните институции, ниту се побарани изјави за овие информации.

На почеток