Преку социјалните мрежи секојдневно се објавуваат стории и статуси за граѓани на кои им треба помош. Предмалку дечко од Скопје објави фотографија, но и апел да му се могне на лице кое случајно го затекнал во наслебата Аеродром.
Еве го неговиот статус и апел во целост:
Во Аеродром пред зграда 35, бездомник во многу лоша состојба седи во вода на паркингот. Неколку коли за малку ќе го згазеа бидејќи во темницата тешко се приметува. Го тргнав на страна, го седнав на една клупа и му дадов нешто пари. Човекот е во многу лоша состојба и му треба помош од институциите. Тешко комуницира, а од она што ми кажа разбрав дека е од Ѓорче. Не ми кажа како стигнал до Аеродром, но небитно, разбрав дека нема дом и дека живее на улица. Му понудив помош, но ја одби правдајќи се дека е добро.
Апел до институциите, односно до Министерството за труд и социјала поревносно да ги лоцира ваквите луѓе и да ги згрижува. Барем во зимските месеци да им се обезбедува покрив над глава и по еден топол оброк ако веќе не може повеќе.
Апел и до невладините кои се занимаваат со оваа проблематика да помагаат што повеќе, а не само да лапаат грантови за воркшопови, стои во статусот на ФБ.
Во Аеродром пред зграда 35, бездомник во многу лоша состојба седи во вода на паркингот. Неколку коли за малку ќе го…
Posted by Aleksandar Leveski on Tuesday, January 29, 2019
Останува да замолиме институциите да го испитаат и овој случај и да помогнат.