Македонија

Ново Владино задолжување

На седница Владата го разгледа Предлог – законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, за олеснување на движењето на стоките и услугите низ Западен Балкан со поддршка за дизајнирање, развивање и спроведување на Национално едношалтерско решение, модернизација на царината и другите институции кои учествуваат во управувањето со границите, за да се подобри нивната меѓуинституционална координација и да се намали времето потребно за чекање на стоките.
Со средствата од овој заем ќе се обезбеди и поддршка за развој на Интелигентен транспортен систем-ИТС на дел од Коридорот 10, како и поддршка преку Единицата за имплементација на проектот, која ќе функционира во рамки на Министерството за транспорт и врски.

На предлог на Министерството за земјоделство, Владата денеска ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, со цел да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини; обезбедување на стабилно производство на квалитетна храна; зголемување на конкурентната способност на земјоделството; обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство и други мерки за земјоделската дејност и за одржлив развој на руралните подрачја.

На почеток