Македонија

Владата на 117 седница: Да се променат таблите на граничните премини, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите

Владата на Република Македонија на својата редовна 117-та седница, на која, согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, членовите на Владата припадници на албанската заедница, како заедница од повеќе од 20 отсто граѓани на нашата земја, зборуваа на својот мајчин јазик.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна дека примената на Законот за употреба на јазиците на седниците на Владата, извршната власт, освен што го овозможува законското право, истовремено дава пример дека употребата на јазиците на заедниците, таму каде што тоа го регулира законот е и цивилизациско право и потврда дека нашата земја не само декларативно, туку и практично ги овозможува правата на сите заедници.

Меѓу првите точки на денешната седница, Владата ја разгледа Информација за извршување на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, односно Договорот од Преспа.

Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите.

Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите.

За истата таа постапка, соодветни препораки ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, додека пак, секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име согласно усвоените амандмани.

Една од одлуките за оваа точка е и обврската да државните органи да формираат работни групи за утврдување на натамошните мерки и активности за извршување на одредбите на Договорот од Преспа, а Генералниот секретаријат на Владата на РМ доби задолжение да формира Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција.
Како дополнување на оваа точка, на седницата беше предложено и прифатено овие обврски за извршување на одредбите од Преспа да се усогласат и со Законот за употреба на јазиците.

На денешната седница министрите ја разгледаа и ја усвоија Законодавната агенда на Владата на Република Македонија, за период од јануари до јуни оваа година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година и донесе одлука законските приоритети да бидат доставени до Собранието на Република Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток