Вчера во периодот од 23.00 до 05.00 часот од страна на МВР е спроведена зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
„Од страна на полициски службеници контролирани се 180 возачи, a кај 33 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки. Исклучени се 34 возачи од сообраќај, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци“, се вели во соопштението на МВР