Денес во Скопје по втор пат се одржа трката „Скопје трча 10км“ на која учество земаа повеќе од 1600 натпреварувачи.
Оваа година се трчаше под мотото „Секој километар значи“ и трката имаше хуманитарен карактер за поддршка на „СОС Детско село“.
На „Скопје трча 10КМ“ во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со време од 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов, а трет Атанас Анчевски. Во женска категорија прва беше Адријана Поп Арсова која истрча со време од 38:28 минути, второпласирана беше Милјана Ристиќ, а трета Билјана Кираџиева.
Организатор на спортската трка е Сојузот на спортови на Скопје, а генерален покровител е Агенцијата за млади и спорт.