Македонија

Во железничката несреќа на пругата Скопје – Велес, повредени машиновозачот и совозачот

Двајца повредени е билансот од синоќешната железничка несреќа на пругата Скопје – Велес, во близина на станицата „Рајко Жинзифов“ пред Велес.

Товарен воз кој сообраќал на оваа релација налетал на одронета карпа и удрил во неа. Од ударот, локомотивата излетала од шините и удрила во метален столб.

Несреќата се случи вчера околу 17.00 часот. Во истата со повреди се здобиле машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозачот Р.Б., и биле пренесени во болницата во Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

На почеток