Македонија

(ФОТО и ВИДЕО) ЈП Охридски Комуналец се поднови – 7 комунални возила ќе дадат огромен придонес во ефективноста на работењето

Се модернизир вознот прк на ЈП Охридско Комуналец. Денеска беа презентирани 7 нови возила, набавени со кредит од Светска банка, во вредност од 450 000 евра. Со истата кредитна линија од претходната власт беа набавени 5 возила, меѓутоа кредитот е со грејс период и исплатата започна од февруари 2018.

„На следната седница на советот овие возила ќе бидат доделени на користење на ЈП Охридски Комуналец. Ваквиот пристап на локлната самоуправа докажува дека работиме во интреес на граѓаните на општина Охрид и граѓаните на Охрид. Ова се неопхдни модернизации кои што се неопходни да се изведуваат во текот на годините. Со ова денешна презентација ЈП Охридски Комуналец значително го зголемува својот капацитет и услужноста кон граѓните се зголемува . Имавме прилика да видиме дека водевме битка со снегот изминатиот месец, па така сега имаме и трактор на кој би се поставил и нож, кој значително би ни ја олеснал работата во такви услови“, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.

„Модернизација на возниот парк на ЈП Охридски комуналец, ја започна починатиот градоначалник Јован Стоански, а ја заврши сега в.д Градоначалникот Константин Георгиевски. Оој возен парк ќе даде огромен придонес во ефективноста на работењето на ЈП , а ќе намали и голем дел од расходните ставки на ЈП, затоа што досега најмногу расхорд имавме за набавка на резервни делови поради стара механизација“, истакна директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски.

Тој додава дека 3 кубичните возила посебно ќе бидат корисни за стариот дел на Охрид, каде досега имале проблем со исцедокот на комуналниот отпад , а сега како што вели со новиве кои се со така наречен када систем кој што нема да дозволи да истекува течност од комуналниот отпад. Грданоски објснува дека и 20 кубичното возило е со резервоар за исцедокот на комуналниот отпад.

На почеток