Премиерот Зоран Заев денес на средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека Велика Британија на Македонија и го отстапила своето столче за влез во ЕУ.
Posted by Kurir on Wednesday, January 30, 2019
„Ние сакаме да бидеме земја дел од ЕУ, а впрочем еве и Британија ни ослободи место за да можеме ние да заземеме место во ЕУ. Секако ние ќе работиме на тој пат и зависи од успешноста на нашите реформи“, по оваа скандалозна изјава Заев дури додаде дека ние веруваме во ЕУ до небо, повеќе и од самите земји членки на ЕУ.
ШТО Е ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДЕНЕС ВО СВЕТОТ ?
Велика Британија денес претставува втора поморска и оперативна сила на планетата. ( Далеку помоќна на глобалната воена, разузнавачка и финансиска сцена од Европска Унија ) Таа е дел од Британски Комонвелт, кој се смета за политички наследник на големата Британска Империја. Комонвелтот под круната на британскиот монарх спојуваа 16 држави со највисок животен стандард на светот, ( од кои две Канада и Австралија спаѓаат во најголемите по површина ). Британските компании кои глобарно работат во енергетиката, па до банкарството, се сметаат за финансиски наследнички на големата Британска Империја и тие експлоатираат сировини, и се занимаваат со инвестиции буквално во целиот свет и на сите континенти.
Во што може Македонија да се спореди со Велика Британија денес оценете сами.
