Американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор му изрази поддршка на лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо. Како што соопштија од Белата куќа, Трамп ја поддржал борбата на народот за враќање на демократијата во земјата.
Гуаидо му се заблагодарил на Трамп за посветеноста на САД за одржување на слободата и напредокот на Венецуела и регионот.
Двајцата се договориле да одржуваат редовна комуникација со цел да ја вратат Венецуела на патот на стабилноста и да ги обноват односите меѓу двете земји.
Во Венецуела за денеска се најавени протести за да се зголеми притисокот врз претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка.
Гауидо минатата недела се прогласи за преоден претседател.
