Израелските сили денеска убиле 16-годишно девојче по потекло од Палестина.
Девојчето било убиено кога се обидело да изврши напад со нож над контролниот пункт на Ал-Заим, кој се наоѓа меѓу Ерусалим и Западниот Брег, соопшти полицијата.
Според „Ројтерс“, убиеното девојче палестинските функционери го идентификувале како жител на палестинскиот град Рамала.
