Македонија

Ѓорчев преку писмо на Пенс, му кажа дека го поддржува Гуаидо за претседател на Венецуела

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој се пријави на партискиот оглас на ВМРО ДПМНЕ за претседателски кандидат упати писмо до потпретседателот на САД Мајк Пенс каде изразува поддршка за ставови и политиката на САД во однос на кризата во Венецуела.

Ѓорчев во писмото потсети дека Македонија и САД се сојузници, па затоа искажа поддршка на ставовите и политиката на САД предводена од претседателот Доналд Трамп.

„Насилниот и антидемократски режим на Мадуро веќе нема легитимитет. Време е за мирна и демократска транзиција. Време е демократските влади од целиот свет да ги признаат новите власти во Венецуела. Вашата Републиканска партија од САД и мојата партија ВМРО-ДПМНЕ од Македонија се заедно членки во Меѓународната демократска унија (ИДУ), како најголема глобална асоцијација на десниот центар предводена од Стивен Харпер, поранешниот премиер на Канада.

Тоа е нашата заедничка политичка организација основана од Роналд Реган, Џорџ Буш постариот, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и Жак Ширак. Секогаш на страната на слободата и демократијата, ИДУ и ИРИ оваа недела јасно порачаа дека време е Мадуро да замине.

Европската народна партија (ЕПП) јасно ја осудува тиранијата врз народот од режимот на Мадуро, како и Манфред Вебер, нашиот кандидат за претседател на Европската комисија од редовите на ЕПП.

Владите на Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија јасно порачаа дека наскоро би можеле да го признаат привремениот претседател Гваидо.

Лично сметам дека Претседателот, Владата и МНР на Македонија треба заеднички да заземат став за признавање на привремениот претседател на Венецуела.

Почитуван потпретседателе Пенс,

Ви посакувам успешна работа. Вашето искуство и минато како конгресмен, гувернер на Индијана и сега како потпретседател на САД се забележани низ целиот свет.

Вашата посветеност на НАТО, заедно со сојузништвото на Европа и САД се гаранти на нашата идна соработка.

Македонија и САД се стратешки сојузници со Договорот потпишан во 2008 година. Тоа е одлична основа да го развиваме пријателството меѓу двете земји“, стои во писмото на Ѓорчев до Пенс.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток