Македонија

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Владата на Германија даде согласност за прием на Македонија во НАТО, објави „Дојче Веле“. Како што пренесува порталот Владата ќе се залага процесот да биде завршен брзо.

Во соопштението од германската влада, меѓудругото се вели:

„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.

Приклучувањето на Македонија во НАТО, според владата во Берлин, е „важно и за трансатлантската заедница“. „Северна Македонија во изминатите години амбициозно го реформираше својот безбедносен сектор и постигна голем напредок во сферата на правната држава и демократијата. Македонската влада се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, стои, меѓу другото, во соопштението.

Текстот во целост на овој линк.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток