„Ѕверови без трошка човечност, само молчете“ – новинарката Трајковска за случајот „Онкологија“
Новинарката Жанета Трајковска потсети дека како што се молчи за случајот со терапиите на Клиниката за Онкологија, така се молчело и во другите случаи за кои до денеска нема одогворност. Таа посочува дека молкот е громогласен денеска.
„Исто како и во случаите на Дурмо-турс и Ласкарци, Беса-транс и несреќата во Бугарија, пожарот во модуларната болница во Тетово….и уште илјадници поединечни и групни случаи каде што животот на луѓето во Македонија не вреди ни денарче.
Ѕверови без трошка човечност. Денеска не е важен ни кешот што се истура преку јавни набавки во политичко партиските џебови, ниту позициите кои ги грабаат, ниту пак уништувањето на природата, воздухот… државата..
Само молчете. Гнасно, подмолно, одвратно. И продолжете да дрндате за нашата светла иднина. Гнасно!