Коментари

„На првачињата не им треба среќа, туку услови – Не знам како си ги гледаме децата на Македонија во очи и дозволуваме иднината да им ја газат безрбетници“

Новинарката Сашка Цветковска на првиот училиште ден порача дека на првачињата, како и другите ученици, не им е потребна среќа туку образование. Таа потсети дека трагично е што никој не дава отпор кон лицата кои треба, а не обезбедуваат минимална инфраструктура како учебници.

„На првачињата не им треба среќа, туку услови за образование. Потрагично од бесрамното поведение на оние кои треба да обезбедат минимална инфраструктура како учебници е тоа што никој за ништо не дава отпор. Не знам како си ги гледаме децата на Македонија во очи и дозволуваме иднината да им ја газат безрбетници.

Што ќе им кажете утре: извинете, моравме да поќутиме, жешко беше за протести, нејќев да се замерам со некој чиновник од партија, бевме мрзливи кукавици, не ни сметаше? Што? Да, мрзливи себични кукавици би било најсоодветно, тоа е реалноста“, напиша Цветковска.

На почеток