Без да биде отстрането ДУИ од власта не е симнат режимот на Груевски, констатира Најчевска
Од
Објавено на
Професорката Мирјана Најчевска смета дека ДУИ морало да биде симнато од власт со ВМРО-ДПМНЕ. Таа го обвини Џабир Дерала, сопственик на повеќе портали, дека не се борел против режим, туку работел за мафијата.
„Заедно со ВМРО-ДПМНЕ мораше да биде симнато од власт и ДУИ. Тоа што ликови како Џабир Дерала ги бранат функционерите на ДУИ пакувајки ја секоја критика на нивните криминали во националистичка обвивка само значи дека тие ликови не се бореле против режимот туку работеле за мафијата. Без да биде отстрането ДУИ од власта не е симнат режимот на Груевски“, напиша Најчевска.