„Ние сме не Европа. Ние сме за жалење“, вели новинарот Ландов
Од
Објавено на
Ние не сме за Европа туку за жалење, смета новинарот Кристијан Ландов кој се осврна на последните случувања на Клиниката за Онкологија. За таму беше откриено дека се краделе скапи терапии, на пациентите им се давале алтернативни или обичен физиолошки раствор додека тие чекале да бидат излечени од канцер.
„Медицинари крадат лекови и оставаат пациенти со канцер да умираат, тивко, болно, полека. Пациенти, молат за лек за да забават прогрес на болест. Други, се лекуваат со матични клетки кои за да ги платат продаваат се што имаат и се заглавуваат во кредити и по лихвари. Трети, се лекуваат преку донации и се молат да ги соберат. Ние сме не Европа. Ние сме за жалење. Некои се покажаа и како монструми во бели мантили. Не знам дали ќе ги видиме кои се, оти се е труло, а на чело е правосудството“, напиша Ландов.