Свет

Економијата на Италија во рецесија, ова е прв пат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне

Според првичните резултати во четвртиот квартал, економијата на Италија влезе во рецесија. Ова е прв пат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне.

Бруто домашниот производ на Италија, третата по големина економија на еврозоната и членка на Г7, паднал во четвртиот квартал од 2018-та година за 0,2 отсто во однос на претхдниот квартал, соопштила денеска италијанската канцеларија за статистика.

Тоа значи дека после паѓањето на БДП од 0,1 отсто во третиот квартал во 2018-та година, Италија влегла во техничка рецесија, која по дефиниција настанува кога ќе се забележат два последователни квартали со економски пад.

Рецесијата во Италија, исто така влијаела и на пошироката економска еврозона, која во последните 3 месеци во 2018-та година се зголемила за само 0,2 отсто, исто како и во претходното тромесечие. Во Брисел се загрижени дека лошите ефекти од италијанската рецесија допрва ќе се чувствваат.

На почеток