Свет

Шпанија бара од Венецуела да ги ослободи уапсените новинари

Шпанија побара од властите на Венецуела да ги пуштат на слобода уапсените новинари на агенцијата ЕФЕ.

Новинарите се уапсени поради тоа што инсистирале на оставка на претседателот Николас Мадуро. Односите меѓу двете земји дополнително се влошија деновиве , откако премиерот Пабло Санчез го нарече Мадуро диктатор , а пак тој му одговори дека веќе еднаш ги исфрлиле од земјата.

Властите на Венецуела уапсиле еден шпански новинар , колумбиска новинарка ,како и фотограф и возач , кои од главниот град на Колумбија , Богота , тргнале кон Венецуела за да известуваат за кризата. На границата ги запреле и уапсиле венецуелските разузнувачки служби.

На почеток