Операторот со бугарскиот гасоводен систем „Блугартрансгаз“, ќе гради гасовод од границата со Турција, преку кој рускиот гас кој се транспортира преку гасоводот Турски тек ќе продолжи во Србија, соопшти компанијата додавајќи дека трошоците за проектот се проценуваат на 2,7 милијарди левови, односно околу 1,4 милијарди евра.
„Газпром” аплицираше за проектот за резервација на капацитетот на гасоводот за проширување на Националната газотранспортна мрежа во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми. Компанијата зеде учество во спроведување на Фаза 3 од постапката Open Season на “Проектот за развој и проширување на системот за пренос на гас”, започнат од “Булгартрансгаз” ЕАД за проширување на националната мрежа на природен гас во Бугарија од бугарско-турската до бугарско-српската граница и поднесе барање за резервација на потребниот капацитет”, велат од менаџментот на компанијата.
Проектот Турски тек, кој беше покренат откако ЕУ правеше пречки околу претходниот план за Јужен тек кој требаше да испорачува руски гас во хаб во Бугарија по што Москва се повлече, вклучува изградба на два цевковода со моќност од 15,75 милијарди кубни метри секој. Првиот е наменет за снабдување со гас на турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Планираниот почеток на функционирање на гасоводот е до крајот на 2019 година.
