Полска извезла 2.700 тони сомнително говедско месо од болни крави во 10 европски земји, објави директорот на полската ветеринарна служба, Павел Нимчук.
Целиот скандал го откри новинар на тајна задача, кој бил почнал да работи како работник во една кланица.
Кога прашал зошто кравите не можат да стојат, постарите колеги му рекле ништо да не прашува.
Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и Словачка се земјите во кои биле извезено штетното месо.
