Свет

Меркел се збогувa со фејсбук, од сега следете ме на Инстраграм рече таа …

Германската канцеларка Ангела Меркел го угаси својот фејсбук профил.

„Познато ви е дека повеќе не ја водам ЦДУ (Христијанско-демократската унија) и тоа е причина поради која го затворам својот Фејсбук профил“, објасни таа на видео- снимката.

Додаде дека останува канцеларка, што значи дека граѓаните ќе може да ја следат и да ја коментираат нејзината работа на Фејсбук страницата на сојузната влада.

„Или можете да ме следите на Инстаграм“, додаде Меркел.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток