Зошто треба да се протестира пред Собранието и пред Владата и пред Обвинителство и пред суд?


Професорката по право Мирјана Најчевска одговара на прашањето кое сама го постави, а гласи: „Зошто треба да се протестира пред Собранието и пред Владата и пред ЈО и пред суд?“.
„Затоа што не станува збор за поединчен случај на убивање, кражба и малверзации. Станува збор за организирани банди функционери, јавни обвинители, лекари, судии, наставници и професори, кои убиваат, крадат и прават малверзации. Станува збор за корупција од огромни размери која е заштитена од тие кои се на власт. Значи да, јас го поддржувам протестот“, напиша Најчевска.
Таа додава: „Нормално е дека опозицијата ќе сака да го искористи. Проблемот е во тоа што актуелната опозиција не успеа да го препознае криминалот во сопствените редови и не е никаква алтернатива за оние кои се во моментов на власт. И уште еднаш, ДУИ мора да биде тргнато од власта и да бидат отстранети сите негови кадри поставени во државните институции“.
