Две непознати лица доцна синоќа, малку по 20 часот, извршиле разбојништво во маркет на улицата Козле, информираа од полицијата.
Како што соопштија од МВР, сторителите со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале, а според пријавата, на неколку стотини метри од маркетот тие испукале еден куршум во воздух.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
