Двајца скопјани пријaвиле вчера во полиција дека биле каснати од кучиња скитници во два одвоени случаja, во Аеродром и во Карпош.
Вчера, во Полициската станица Аеродром, М.Д. (34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на булеварот Трета македонска бригада бил каснат од куче скитник во десната нога.
Исто така, С.Ц. (73) вчера пријавил во Полициската станица Карпош дека во вторникот околу 10.50 часот на булеварот Партизански одреди бил каснат од куче скитник во левата нога.
