Шпанската полиција уапси наводен примач на голема пратка на кокаин во товарен контејнер во Барселона, со помош на италијанските власти, соопштија денеска официјални лица.
Операцијата во која биле вклучени инспектори и царински службеници од двете земји доведе до заплена на повеќе од 2,7 тона дрога, што е најголемата количина во Италија во изминатите 25 години, објави агенцијата АП.
Според медиумите нелегалниот шверц го изведувала групата наречена „Заливски клан“, која е активна на неколку европски пристаништа.
Полковникот Маурисио Синтура од италијанската финансиска полиција изјави дека властите ја пресретнале пратката на кокаин и брзо го замениле со сол пред да ја испратат за Барселона, со цел да им помогнат на властите да го уапсат 59-годишниот Шпанец кој требало да ја прими.
