Фотографии со вулгарна содржина од малолетно девојче биле препраќани меѓу ученици во нејзиното училиште, соопштија од полицијата, кога мајка ѝ го пријавила случајот.
Како што инфрормираа од МВР, вчера жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде што учи ќерка ѝ, при што ѝ биле покажани слики на мобилен телфон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците.
Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.