Македонија

(ФОТО) Една слика илјада зборови, млади момчиња преку слика ја покажаа реалноста во земјава

На социјалните мрежи се појави фотографија на која четири млади момчиња со рибарска опрема опрема ловат риби на асфалт.

Оваа слика е само надополнување на оние кои секојдневно се постираат на ѕидот на сообраќајниот срам, на кои возачите револтирано фотографираат огромни дупки на патиштата ширум земјава, кои подари дождот деновиве се полни со вода.

Но, момчињата се инспирирани токму од дупката на патот Струмица – Г.П. Ново Село.

Но, момчињата кои се автори на оваа фотографија се малку пооптимисти. Тие како коментар во описот на фотографијата имаат напишано „Во секое лошо има и добро“.

Под фотографијата има и многу коментри од типот: Дали шансите за Влез во Европа се поголеми од можноста да фатите риби во дупките во патот кон Европа?

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток