Во кругот на фабриката „Треска“ на големо се гради првата зграда: машини бучат, Уставен џабе отвори предмет


Во кругот на фабриката „Треска“ на големо се гради првата зграда за која е издадена дозвола од Општина Центар и потпишана од градоначалникот Горан Герасимовски. Машини, како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МКСАКАМДАКАЖАМ.МК жители на околните згради чии станови гледаат во „Треска“, работат 24/7. Машини и кранови бучат од рано наутро до доцна вечерта. Веќе е ископана дупката за темелите и наскоро ќе почне бетонирањето.
Станува збор за зградата која ќе ја градат фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“, кои пред еден месец платија комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар. Ќе се гради станбено-деловен објект, со висина од 19,20 метри, на приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина ќе изнесува 6.662 метри квадрати.
ПовеќеПовеќе
