Магазин

ВНИМАВАЈТЕ: Криминална група користејќи број од мобилен оператор од Австрија, со едно АЛО, ви ги празни сметките

Криминалната група, по која трага Интерпол и Еуропол, користејќи припејд број од мобилен оператор од Австрија со број 00436708012068 (++43 670 8012068) лови само едно ваше „ало“ за да ви го хакира оперативниот процесор во телефоните или компјутерите и да ви ги украдат банкарските податоци.

Оваа група телефонски хакери само ако успее да воспостави врска со некого на телефон може да му ги укради сите лични и банкарски податоци на корисникот, а потоа можат да ја испразнат и неговата трансакциска сметка или кредитна картичка. Овој криминал од поодамна е познат во регионот, но од скоро вакви повици почнаат да примаат и македонски граѓани.

Седиштето и потеклото на криминалната група, како што пишуваат европските медиуми, засега е непознато, а по неа со месеци трагаат Интерпол и Еуропол. Користејќи припејд број од мобилен оператор од Австрија, со број 00436708012068 (++43 670 8012068) сајбер-криминалците успеваат да влезат во трансакциските сметки на жртвите и да им ги испразнат.

Во советите на ИТ „ловците“ на Интерпол се вели дека оваа измамничка банда е оценета како премногу обрaзована и искусна. Апелираат до сите граѓани што ќе добијат каков било повик од странство, а не им е познат, да не одговараат, а ако тоа го сторат случајно или по грешка, уште истиот ден да ги известат своите банкарски службеници да им ги блокираат картичките и сите трансакции да ги извршуваат на шалтер, не преку кредитна или дебитна картичка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток