Магазин

Приказна која го менува светот

Цел свет се сеќава на моментот кога Ања Рингрен Ловен од Данска го спаси животот на едно момче од Нигерија. Тоа се случи пред три години, а таа се уште се сеќава на која може да се каже дека во вистинско време се најде на вистнско место направи сѐ што е во нејзина моќ за да го спаси од сигурна смрт.

Нигериско племе го отфрли момчето од заедницата, сметајќи дека е вештер. Го напуштија и го оставија да умре, без храна, вода и облека. Откако го најде,, Ања му даде вода и бисквити, и во почетокот не веруваше дека ќе преживее.
Од тој ден, Ања секоја година ја информира јавноста преку социјалните мрежи за тоа како напредува и како живее ова мало и насмеано момче денес.

Таа на Фејсбук објави емотивен статус што таа го посвети на денот што го промени нејзиниот и животот на Хоуп.

Today it’s exactly 3 years ago since the world awoke to the horror of Hope’s image when we found him, more dead than…

Posted by Anja Ringgren Lovén on Wednesday, January 30, 2019

„Денес се навршуваат три години откако светот ја виде фотографијата на Хоуп откако го најдовме, повеќе мртов отколку жив. Во 2016 година, на 30 јануари, светот слушна за суеверието.

Тоа не е само суеверие што го знаеме од филмовите и нашите сопствени верувања, туку и суеверие кое убива илјадници невини деца секоја година. Тоа не е само убиство, туку и мачење деца на најтешкиот начин што може да се замисли, додека смртта не стане олеснување.

Тој ден не бев сама. Тоа беше тимски напор. Јас не сум и никогаш нема да бидам бел спасител кој дојде да ги спаси африканските деца. Јас сум само човек и го правам само она што чувствувам дека е исправно.

Денес, Хоуп е многу силно и здраво момче, со голема самодоверба. Тој е многу интелигентен и сака да оди на училиште. Тој е заинтересиран за животот и сака да научи нешто ново секој ден.

Секогаш ќе се прашувам зошто меѓународната заедница ги затвора очите кога станува збор за убиство на толку многу невини деца?!

На мојот Хоуп: Јас секогаш ќе те сакам. Ова е последен пат да правиме ваква фотографија. Знам дека сакаш, но веќе му покажавме на светот дека си шампион. Веќе не ти треба мојата заштита. Силен си и знам дека наскоро ќе го освоиш светот. Ќе навивам за тебе на тој пат “, пишува Ања.

Ања е ангажирана во хуманитарна работа во Африка и со нејзиниот сопруг, Дејвид Емануел Умем, има сиропиталиште во југоисточна Нигерија, каде што се сместени деца кои се напуштени од своите семејства поради суеверие.

Исто така е вклучеан во проект наречен „Land of Houpe” (Земја на надежта). Тоа е мало село каде што според податоците од нивиот сајт има детски центар.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток