(Аудио) Пациентка тврди: Аптекарот на Онкологија ме уцени за терапија – „Во мои раце си, пази што правиш“
Од
Објавено на
Ме уцени со зборовите „Во мои раце си, пази што правиш“. А јас тоа го сфатив како закана по мојот живот.
Вака пациентката на Клиниката за онкологија Минка Веизоска раскажува за трговијата со скапите биолошки терапии која претставувала лукративен бизнис за дел од вработените за „Слободен печат“. Аптекарот од болницата ѝ барал пари секој пат кога ќе требало да прими биолошка терапија „Гејтруда“. Докторите, сестрите и аптекарот ѝ велеле дека „на лекот нема нејзино име и презиме“ затоа што „го криеле за неа“.