На протот што се одржа вчера во центарот на Атина против новите лични карти, приведени се 32 лица.
Со слоганот „нема дигитално електронско ропство, нема идентификација на лицето“, неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот Синтагма, по што следеше прошетка низ улиците на Атина.
Демонстрантите држеа икони, Новиот завет, знамиња, транспаренти и крстови, пренесува Прототема.
Околу 20 часот полицијата приведе вкупно 32 лица.
Средбата беше организирана со онлајн покани од луѓе кои сметаат дека новите лични карти имаат „чип“ за следење на граѓаните.
На протестите против воведувањето нови лични карти беа приведени 32 лица
Новите лични карти во Грција, кои треба да бидат издадени во септември, ги поттикнаа теориите на заговор на социјалните мрежи при што многу луѓе веруваат дека ќе имаат чип што ќе го лоцира сопственикот во секое време.
И покрај гаранциите на владата дека новите лични карти нема да имаат систем за локација, скептиците ја гледаат магнетната лента на новите картички како уште еден обид на властите да ги контролираат преку технологија.
Отпорот кон новите документи за идентификација се организира преку социјалните мрежи.
Министерот за заштита на граѓаните, Јанис Оиконому ги окарактеризира како „средство за прилагодување на Грција на современиот свет за да можеме безбедно да патуваме и да бидеме компатибилни со нашите обврски во ЕУ“.
Немаат ништо туѓо, антихристијанско или демонско, нагласи Оиконому и додаде дека оние што ги трујат умовите на луѓето треба да знаат дека светот поминал низ просветлување.
makfax.com.mk