Свет

Чех со својот мобилен телефон снимал деца на плажа во Хрватска, го фатиле граѓани

Чех со својот мобилен телефон снимал деца на плажа во Хрватска, го фатиле граѓани

По завршување на кривичната истрага од страна на полицијата во Цриквеница, Хрватска, 81-годишен државјанин на Чешка му е предаден на надзорник на притвор.

dobivaj vesti na viber

Хрватската полиција го сомничи дека фотографирал и снимал деца на една од плажите во месноста Цриквеница.

Притоа сторил кривично дело повреда на приватност на дете. Мобилниот телефон со кој го извршил кривичното дело е одземен.

Во овој случај полицијата постапила по дојава од граѓани, кои забележале маж со сомнително однесување и го задржале до доаѓање на полицијата, објавија хрватските медиуми.

makfax.com.mk

На почеток