На трибината организирана под мотото „Силна економија – шанса за сите“ претседателот на СДСМ и на Владата Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска пред охриѓани говореа за сработеното, но и за се она што треба да се сработи во периодот што претстои, пред се во областа на стопанството, перспективи, напредок, развој.
-Минавме сензитивен процес, донесовме одлуки, верувам дека за неколку месеци бенифитите од таквите крупни политички одлуки ќе ги почувствуваат граѓаните.
-Сакам да најавам време кога економските придобивки од отворените процеси треба да бидат фокусот на сите институции – владата, парламентот, општините, претседателот, па и на сите граѓани. Сега е време да ги засукаме ракавите и да сработиме, рече тој, притоа посочувајќи мерки за надминување на тромоста на администрацијата, зголемување на продуктивноста во земјата, конкурентноста на пазарот, намалување и до 60 отсто на казните за стопанските субјекти, враќање на парите кај граѓаните, истакна Заев.
Постои волја од Владата, ЕЛЕМ и ЕВН да избришеме долгови за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства, рече премиерот. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока да ги вратиме парите назад кај граѓаните, додаде тој.
Доколку се спроведе оваа мерка десетици илјади граѓани кои имаат блокирани сметки конечно ќе можат нормално да функционираат.
-Моделот на повраток на ДДВ ќе го тестираме во март, а од јули сакаме целосно да го спроведеме. Целта е од данокот што го плаќаме насекаде, 15 отсто од тие средства да се вратат кај граѓаните, средства од сто до 150 милиони евра годишно, истакна Заев, притоа најавувајќи уште нови 17 странски инвестиции во вредност од над 150 милиони евра со отворање повеќе од 4.500 нови работни места, што според него ќе доведе до побарувачка на работна сила, а со тоа и раст на платите. Тука ги посочи и алоцираните повеќе од 70 милиони евра од буџетот годишно за поддршка на инвестициите во индустријата преку повеќето фондови и поддршка на стопанството.
На крајот уште ги посочи проектите насочени кон развој на Охрид и Струга од деблокирањето на општинските сметки, плановите за пренамена на поранешната касарна, проекти за подобрување на инфраструктурата, се до преземањето на грижата за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од државата, што со аплауз беше поздравено од присутните во Центарот за култура.
Покрај премиерот на трибината во Охрид, присуствувше и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Ѕој посочи дека над 1,2 милијарди евра ќе бидат искористени за сериозно подобрување на патната инфраструктура во земјата. Голем дел од нив е за охридско-струшкиот регион, од автопатот Охрид – Кичево, старт на реконструкција на транзитниот пат околу Охрид, патниот правец Подмоље – Радожда, од хотелот „Гранит“ до Пештани, патот од Подмоље до граничниот опремин „Ќафасан“.
Како значајни активности за подобрување на локалната економија, министрот Сугарески ги нагласи склучените договори за нови авионски линии од охридскиот аеродром, за кои истакна дека независни повторувањето на повикот, немало ниту една отстапка од предвидените критериуми.
Сугарески уште најави дека државата повторно ќе ги земе ингеренциите за стопанисување со плажите на Охридското Езеро преку Закон за градежно земјиште што наскоро ќе влезе во собраниска процедура.