Македонија

Деца раѓаат деца – 62 малолетнички абортирале, а 731 се породиле

Во период од две години, односно 2016 и 2017 , во јавните здравствени установи се породиле вкупно 731 малолетничка, а 62 ја прекинале бременоста. Од Оние кои ја прекинале бременоста 23 се на возраст од 14 до 16 години, 18 на возраст од 17 години, а 21 со ненавршени 18 години. Најголем број од нив на возраст од 14 до 16 години кои абортирале се од македонска, ромска, албанска и турска заедница, а не се евидентирани случаи за прекин на пременост кај другите заедници, објави МИА.

Ова истражување денеска го презентираше заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, која посочи дека итно треба да се преземат мерки за целосно согледување и справување со проблемот со малолетничката бременост и едукација на младите во училиштата…

– Вкупно 731 малолетничка се породиле во истражувачкиот период од кои четири на возраст од 11 до 13 години, 225 на возраст од 14 до 16 години, а останатите на возраст од 17 или со ненавршени 18 години. Меѓу малолетните мајки најголем број – 405 се Ромки, 162 Македонки, 109 Албанки, 43 Турчинки, пет Бошњачки, а шест од други заедници. Најголем број од бебињата (721) се дадени на натамошна грижа кај малолетната мајка, а 10 бебиња (шест родени во 2016 и четири родени во 2017 година) биле оставени од страна на малолетната мајка и понатаму се згрижени во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола, рече Бајрамовска – Мустафа.

Според Бајрамовска – Мустафа Министерството за здравство треба да преземе мерки за изготвување на посебен правилник и протокол за постапување со малолетни пациентки без оглед дали се работи за абортус, породување или друга гинеколошка интервенција и да изготви документ со кој ќе се регулира постапувањето во случаи кога малолетната мајка го остава бебето во болница се до неговото преземање од центрите за социјална работа, а здравствените установи треба да обезбедат изјави за согласност за определена медицинска интервенција на малолетни пациентки и при нивен прием да извршат целосна идентификација на лицето кое е негов придружник (родител или старател).

Во рамки на истражувањето бил доставен прашалник до 17 клиники и општи болници во Република Македонија, чија дејност е гинеклогија и акушерство.

извор: МИА

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток