Вчера, околу 15.10 часот, на автопатот Велес – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С. Е. (24) од с. Студеничани, Скопско, поради сторено кривично дело шверцување мигранти.
Со возило „мазда“, со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што повреди добиле двајца полициски службеници и С. Е..
Претходно, С. Е., во близина на наплатната станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица. С. Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.
Макфакс