Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска, околу 1.35 часот, на магистралниот пат Тетово – Гостивар, на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Б. Н. (42) од струшко Велешта и 25-годишната Д. Д. од Република Албанија.
Тие претходно биле пријавени од 34-годишниот стружанец А. А. дека еден час пред тоа, во Скопје, Б. Н. со употреба на сила го внел во неговото возило „ауди“ и од Скопје се упатиле кон Струга.
Според пријавеното, Б. Н. и физички го нападнал поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Макфакс