Спорт

Ла лига ќе го спонзорира велшкиот клуб со најдолго име на светот

Ла лига ќе го спонзорира велшкиот клуб со најдолго име на светот

Шпанската Ла лига ќе го спонзорира велшкиот селски клуб со најдолго име на светот, бидејќи кратенката е „ЛЛ“ и таа ќе биде на предниот дел на дресовите на клубот.

dobivaj vesti na viber

Клубот со официјално име: „Clwb Pêl Droed Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch Football Club“, или „нагалено“ Ланфаирпел, доаѓа од островот Енгсли и игра во Првата дивизија на Лигата на брегот на Северен Велс, или петта лига по ранг и во 2024 година ќе ја прослави 125-годишнината од своето постоење. Селото исто така доби нов знак “Welcome to Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch” со петте „ll“ заменети со новото лого на Ла лига.

Макфакс

На почеток