Македонија

Герасимовски: Преку стручни совети до рано препознавање и решавање булинг меѓу учениците

Герасимовски: Преку стручни совети до рано препознавање и решавање булинг меѓу учениците

Општина Центар спроведува обуки за наставниците и стручните соработници од сите училишта во општината за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство – булинг. Обуките се одржуваат во соработка со здружението „Европски соѕвездија“ во КСП „Центар – Јадро“ од страна на еминентни универзитетски професори.

„На самиот почеток на учебната година наставниците и стручните соработници од училиштата посетуваат три дневни обуки за булинг, негово препознавање и решавање. Врсничкото насилство е сериозен проблем на кој ние како локални самоуправи, под чија надлежност се основните училишта, имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за поголема безбедност во образовните установи. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици врз личноста и семејството. Нашата цел е тоа да не се случи. Сите имаме одговорност, воспитувањето доаѓа од дома, но и вие како наставници и стручни служби мора да укажете и да превенирате за она што ние го пропуштаме. Очекувам од вас како наставен и стручен кадар да внимавате на овие појави во училиштата и да постапите соодветно со цел безболно решавање на ситуациите“, рече Герасимовски пред присутните.

Општина Центар се грижи за здравјето и иднината на учениците, затоа вложувајќи во континуирана едукација на образовниот кадар, вложува во подобро утре и за следните генерации, велат од Општината.

Макфакс

На почеток