Полицијата открила три килограми марихуана во амбулантно возило во Србија, а возачот е уапсен, дознава „Индексонлајн.рс“.
Припадници на српската полиција од Нови Пазар го запреле возилото на брзата помош со регистарски таблички на Рашка и пронашле неколку килограми марихуана, јавува „Нова.рс“.
Српските медиуми јавуваат дека брзата помош била запрена на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово. Возачот на брзата помош е приведен во просториите на ПУ „Нови Пазар“.
Засега не се знае дали се работи за возило од Здравствениот дом во Рашка или за возило што работи на клиниките на северот на Косово, пренесува „Нова.рс“.
makfax.com.mk