Свет

Бугарската потпретседателка во посета на Албанија, ќе ја отвори учебната година во Голо Брдо

Бугарската потпретседателка во посета на Албанија, ќе ја отвори учебната година во Голо Брдо

Потпретседателката на Бугарија , Илијана Јотова, од денеска ќе престојува во посета на Албанија.

dobivaj vesti na viber

Бугарскиот портал „24 часа“ јавува дека посетата се одржува во пресрет на пописот на населението во Албанија, кој, како што пишува порталот, е значаен момент за бугарското национално малцинство во Албанија.

Јотова ќе се сретне со претставници на, како што се наведува, бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо, иако овој дел е претежно населен со македонско население.

Таа ќе ја отвори новата учебна година во училиште во градот Елбасан.

 

makfax.com.mk

На почеток