Децата со Даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот, тврди активиската Кардула
Домника М. Кардула, активистка за правата на лицата со попреченост и мајка на дете со аутизам тврди дека децата со Даунов синдром и лесна попреченост, повеќе нема да бидат на товар на буџетот. Таа објави остра реакција на социјалната мрежа „Фејсбук“. На одговорните им порача дека тој чекор е срамота.
„Секој чесен граѓанин се радува и ги поздравува обидите за ставање ред во државната каса и елеминирање на сите непродуктивни трошоци. Така со “радост” ја примивме веста дека децата со Даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот!!! Воу каков доманќинлук!
Има да се има ред во држава каде; луѓе десетици години не одат на работа, а земаат плата, а и голем дел си живеат во странство; каде полуписмен кадар е на раководни функции; каде не се знае каде, кој и колку ги користи службените возила; каде пратеници земаат патни трошоци како да работат во Лисабон; каде функционери си ги носат своите деца на службени патувања; каде во моменти на економска криза истите тие земаат 78% зголемување на платата; каде кримналците наместо да лежат, си лежат на украдените народни пари и ама баш ништо не им фали; каде царува корупцијата; каде………. слободно дополнете си и сигурно нема да ви снема аргумент!
Ни ја убивте надежта, ни ја украдовте иднината и на ранливите категории граѓани и нивните семејства им го покаажавте средниот прст по кој знае кој пат! Срамота, срамота, срамота!!!“, напиша Домника М. Кардула.
„Скопје1“ став побара од Министерството за здравство, од каде, до моментот на објавување, нема одговор.