Коментари

Системот е трул, токму зошто е окупиран од самопрогласени “експерти” желни за хонорари, вели Малчески за прирачникот кој направи бура од реакции

Професорот Самоил Малчески го искоментира прирачникот за кој вчера се крена бура од реакции во јавноста.

„Можеби прирачникот е од пред 10 години но “експертите” се исти и денес! Бешка и Чешларов се “експертите” кои стојат позади експериментот врз нашите деца наречен Концепција за основно образование на Мила Царовска!

И да, кога ќе кажам лидерот во неуспешни образовни “реформи”, да тоа е Бешка, “експертот” кој стои позади сите експерименти во Македонскиот образовен систем почнувајќи од првиот “Чекор по чекор” на почетокот на деведесеттите години!

Системот е трул, токму зошто е окупиран од самопрогласени “експерти” желни за хонорари! На системот му треба вистински рестарт, а не козметички промени! И да, треба одговорност и забрана за вршење на дејност на “експертиве” желни за хонорари!

Наставната програма не е задолжителна, велат од Бирото за образование за прашалникот за хетеросексуалноста

На почеток