Коментари

Хајредини му се спротистави на Груби: Не Албанците, туку само ти, Ахмети, син му, Бујар економски се зајакнавте

Ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини, му се спротистави на вицепремиерот Артан Груби по изјавата дека пет моќни македонски олигарски рапотат на отстранување на ДУИ и Албанците од власт. Според Груби, причината е тоа што Албанците економски се зајакнувале, а втората цел им била државата да ја водат само Македонците.

Хајредини се спротистави. Му порача дека се богатат само блиските до Ахмети, а не Албанците. Притоа му порача дека Албанците никој не сака и не може да ги отстрани од власт.

„Не е точно дека сите Албанци економски многу се зајакнуваат, ниту дека го зедоа својот дел, со тоа што само Али Амети и својот син, внуци, зет, брат и сват, како и Груби, Бујар, Јахоски, Еуровија, Арберија, економски зајакнале и го зедоа ‘својот дел’. Албанците во Македонија од власт никој не сака и не може да ги отстрани, па ни пет, десет или дваесет ‘моќни олигарси Македонци’“, напиша Хајредини.

На почеток