Македонија

Ретка победа над извршител: Се обидувал да наплати долг од пред 21 година, кумановска судија го спречи

Жител на Куманово успеа да „победи“ извршител кој сакал да му наплати долг со камати кој датира од пред 21 година. За случајот на социјалните мрежи објави активистката која се бори против присилното извршување, Ана Глигорова. Таа ја поздрави одлуката и посочи: „апсолутна застареност“, алудирајќи на одлуката од кумановска судијка.

„Мразот е пробиен, еден извршител и еден судија од Куманово прифаќаат барање за застареност од сите други кои се прават ненадлежни. Настапила апсолутна застареност, повеќе не се извршува по овој предмет. Ајде извршители, доста муабети“, напиша Глигорова.

И во пресудата, стои оваа констатација.

„Се узвојува приговорот од должникот за настапеност на апсолутна застареност за извршување на побарување во постапка во која е издаден налог за извршување“, стои во ојбавената пресуда.

Во неа, има и облазложение во неколку страни.

На почеток